Австрија денеска во осум часот почна да го применува ограничувањето по прашање на бројот на мигранти кои дневно можат да влезат во земјата.
Министерката за натрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер претходно најави дека дневно ќе бидат прифатени мксимално 80 барања за добивање азил, а ќе се прошуштаат 3.200 бегалци.
Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос пратил писмо до австриската влада во кое укажал дека Виена со ова ги крши законите на Унијата.
„Австрија спаѓа во наоптоварените земји во ЕУ и ја достигна својата граница на издржливост“, нагласила Лајтнер. Таа додала дека Австрија не може да совлада ист бројна бегалци како минатата година и дека воведувањето на дневни ограничувања е чекор кон успорување на бранот на бегалци.
„Важно ни е секоја земја од балканската рута да делува рестриктивно на својата граница, а тој домино ефект е поефикасен ако делуваме усогласено“, вели Лајтнер.
Аврамопулос оценил дека „тоа што Австријците го одлучиле, не е во склад со европските закони“.
Во Австрија минатата година влегле околу 700.000 мигранти, најмногу од Сирија и Авганистан , а околу 90.000 поднеле барање за азил во таа земја. Најголем дел, сепак, го продолжиле патот кон Германија.