Насловната страница на полскиот неделник „vSjeci”, на која раце на мигранти се обидуваат да го искинат знамето на ЕУ со кое е облечена жена, со наслов „Исламско силување на Европ“, ја шокираше Европ.
Насловната на овој неделник е и топ тема на социјалнте мрежи, а еден од коментарите на Твритер вели дека насловната е инспирирана од долгата историја на олонијалната пропаганда, па дури се споредува италијанската фашистичка пропаганда од Втората светска војна.
Инаку, Полска не бега од прифаќање на беглците, но само кога станува збор за жени, деца и стари лица.
Потпретседателот на владата и министер за култура, Пјор Глинјски, претходно изјави дека Полска не сака економски мигранти, бидејќи не гледа причина во таа земја да се најдат млади мажи, како оние кои злоставуваат жени на новогодишната ноќ во Келн.