Според неа, избори на 24 април ќе има. Република Македонија согласно Уставот и согласно меѓународното право има суверени граѓани кои одлучуваат за својата земја.
Суверенитетот на граѓаните е највисоката, суверената власт во државата. Не е највисока власт во државата ниту онаа што ја покажува Заев на прес-конференции, ниту онаа што некои амбасадори на странски држави сакаат да ни ја наметнат. Суверената власт е во народот, во граѓаните, и ако и сакаме добро на нашата татковина, ако сакаме во услови на сериозни предизвици со кои се соочува цела Европа, вклучително и ние, да се справуваме со нив како стабилна и цврста држава, мора да излеземе на избори и да организираме стабилни политички институции кои ќе ја штитат државата од сите неволји и опасности што и демнат. Сега не е време да се грижиме за политичките калкулации на неколкумина политички неписмени што немаат што да изгубат со сценариото на криза. Сега е време за храбри потези што ќе ја стабилизираат и нормализираат државата од лудилото во кое западнавме заради толерирање на разно-разни политички калкуланти, дилетанти кои упорно сакаат да ни се припишат како судбина. Судбината на Република Македонија мора да остане во граѓаните и во народот, заклучува Каракамишева- Јовановска.
Пандов: Анкетите му укажуваат на Заев дека ќе доживее тежок дебакл
Според политичкиот аналитичар Александар Пандов, има две главни причини зошто Заев толку упорно инсистира да нема избори. Првата е анкетите кои се објавени од реномираните ИРИ и Брима Галуп по кои се гледа дека два до три пати ВМРО-ДПМНЕ има поголема предност од СДСМ, а во однос на партиските лидери таа предност е уште поголема меѓу Груевски и Заев.
Тоа јасно му укажува и на Заев и на неговото ракводство дека на наредните избори тие ќе доживеат тежок дебакл. Втората, но не помалку важна, е тоа што на Заев му е апсолутно јасно дека по изборите и по поразот ќе мора да се повлече од претседателската функција на СДСМ, а со оглед на тоа дека има закачено многу кривични пријави за сериозни и тешки кривични дела, како против државата, уцена на високи функционери, поткуп, и во овој момент кога нема да биде претседател на СДСМ тој нема да може да си игра како што сега прави во македонското правосудство и го чека затворска казна. Мислам дека ова е посилната причина зошто Заев упорно бега од изборите, но и целото негово раководство кое е неспособно и избрано по лојалност кон Заев. И на ним им е јасно дека по изборите тие веќе нема да ги имаат функциите и ќе треба да се повлечат, вели Пандов.
Тој додава дека од самиот почеток од избивањето на аферата „Пуч“ преку комуникацијата и доказите кои беа приложени јасно е дека во целата афера има сериозна вмешаност на странски служби односно на странски амбасадори или политичари.
Потсетувам и дека во коминикацијата меѓу Заев и Верушевски видовме дека постои странски чадор кој ги заштитува.Во „Фабриката за афери“ исто така видовме дека во комукацијата меѓу Заев и сопругата на Чауш, тој ја смирува неа и вели дека нема никакви проблеми бидејќи биле заштитени од странци. Веќе е јасно дека позади целата оваа политичка криза стојат странци кои имаат интерес да ја дестабилизираат Република Македонија, да го ослабнат нејзиното политичко раководство и да ја воведат земјата во една континуирана нестабилност преку која тие ќе може да ги спроведат своите желби и визии за земјава, вели Пандов за КУРИР.
На прашањето како ќе се одрази пролонгирањето на кризата со одложување на изборите врз целокупната безбедносна и економска состојба и зошто некој би имал интерес да се пролонгира, Пандов вели:
Искрено се уште сум оптимист дека странците имаат свест и совест и дека ќе дадат пас околу тоа изборите да се одржат како што беше договорено и потпишано од четирите политички партии – на 24 април. Но, ако евентуално стават сомнеж на тоа дека може да се спроведат изборите на 24 април и ако инсистираат да се одложат тие избори, во таква ситуација ја сум сигурен дека Македонија ќе западне не само во економска, пред се во безбедносна криза. Во таква ситуација јасно е дека Македонија веќе не е дражава каква што ние ја декларираме и како што граѓаните ја препознаваат, туку дека Македонија е протекторат кој што на некои одредени странски амбасадори им е дадено за право да си играат со судбината и иднината на граѓаните. Тоа значи уште една поголема депресија, запаѓање во уште поголема политичка криза и отворање на сите врати за безбедноста криза, како меѓуграѓанска така дополнителна, да не ги заборавиме луѓето кои чекаат на јужната граница. Идејата на странците е да го ослабнат партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на некој наредни избори, ова го говоревме пред една година, тие би имале желба да има егал ситуација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и меѓу ДПА и ДУИ и во таква ситуација би имале крајно нестабилна влада, каде една политичка партија не би можела да одлучува.
Пандов водава дека во таква Влада странците би можеле лесно да ги протнат сите барања и желби кои се за промена на името на државата, на Уставот и сето она кое им смета. Зад ова, вели Пандов, мисли дека стои името на нашиот народ и нашата држава, македонски народ и Македонија.