
Турското гранатирање во Сирија е „невидено кршење“ на меѓународното право, оценува сирискта Влада.
Турција во соопштението е обвинета дека извршила злосторства против Сиријците со артилериските напади во провинцијата Алепо.
Како што се наведува, голем број цивили се повредени во артилерискиот напад, чии цели биле Тел Рифат и други градови.
Турција во изминатите недели гранатирала воени позиции на сириските Курди, поддржани од САД.
Анкара се закани и со копнена операција, сметајќи дека тоа е нејзино право на самоодбрана и на тој начин ќе одговори на огнот од сириска територија.