Според јавниот обвинител Маријана Илиеска, автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот, Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрварил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден.
Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 39 годишниот Димоски.