![vlae6 Судење за прегазеното девојче во Влае: „Срцето би го откорнал само да ја вратам“](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/vlae6.jpg?resize=513%2C283&ssl=1)
Денеска во Кривичниот суд почна судењето на Раде В., возачот кој со камион на 24 октомври минатата година прегази 12-годишно девојче на улицата „Адолф Циборовски“, помеѓу населбите Хром и Влае.
Тој го призна делото и побара прошка од семејството и во солзи истакна дека никогаш не помислил да повреди некого и дека девојчето требало да преживее.
- Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот - рече тој.
Обвинетиот во судницата низ солзи ја објасни и својата семејна ситуација, дека е единствениот што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психофизичко здравје, со дијагностициран тумор и е во инвалидска количка.
Обвинителот посочи дека дека обвинетиот направил пропусти од сообраќаен карактер и му предложи на Судот да определи и казна забрана за управување со моторно возило со оглед на тоа што обвинетиот е професионален возач. Пресудата ќе биде соопштена в четврток.