Претставник на италијанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека владтите во Италија дозволиле американско вооружено беспилотно летало да користи база во Сицилија за полети во мисии против милитантите од џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија и во други делови на северна Африка.
Како што јави ФЕНА, тој додаде дека договорот опфаќа само одбранбени мисии со цел да се заштитат специјалните силе, а не и офанзиви.
Одлуката следи по едногодишните преговори меѓу Вашингтон и Рим и во ек на растечката загриженост дека екстремистите се повеќе ги засилуваат своите позиции во Либија.