Издадени нови 547 потврди на мигранти за 24 часа

Министерството за внатрепни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди на 547 странски државјани, од кои 201 мажи, 158 жени, 214 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител.

Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината издадени се потврди на вкупно 87.036 странски државјани, од кои 34.529 мажи, 19.000 жени и 33.298 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.651, Авганистан-26.546 и Ирак-17.836.

Во текот на изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за азил.