Два фериботи со 1.046 бегалци и мигранти од грчките острови се очекуваат денеска во пристаништето Пиреја.
Со „Блу Стар“ од Митилена и Хиос ќе пристигнат 623 бегалци, додека „Диагорас“ треба да донесе 423 бегалци од Родос.
Со оглед на тоа што пристаништето Пиреја е преполно со бегалци и мигранти, локалните власти одлучија фериботот „Експрес Пегаз“ да се употреби како привремено засолниште во кое ќе се сместат бегалците што пристигнуваат од островите. Грчкото Министерство за поморска трговија соопшти дека контактирало и други компании за бродски превоз од кои е побарано да обезбедат уште бродови за истата намена.
Во меѓувреме, на островот Кос се доставуваат монтажни куќи кои ќе служат за привремено сместување на бегалци.