
Товарен брод со оружје бил задржан на островот Крит.
Бродот пловел под знамето на Того, а тргнал од Турција.
На бродот се пронајдени шест контејнери со илјадници парчиња огнено оружје, муниција и експлозивни направи.
Грчките власти истражуваат дали оружјето е законски превезувано. Единаесетчлениот екипаж на бродот вклучува и Сиријци.
Првата станица на бродот била Либан, а потоа требал да стигне до североисточна Африка.