5 тајни состојки против стареење

Сме чуле многу совети за зачувување на младешки изглед. Жените ширум светот покажуваат на својот пример дека може убаво и грациозно да се старее без никаква операција или пак фенси крема. Некои култури го користат она што самата природа ни го дава. Ви ги претставуваме нивните начини на борба со годините.

КИНА

Чаевите се богати со антиоксиданси кои ја чуваат младоста на кожата. Белиот и зелениот чај содржат антиоксидант познат како EGCG (епигалокатехин галат), кој помага во борбата со брчките и го поттикнува опоравувањето на клетките.
Кинезите прават маска за лице со мешање на прав од зелен чај со варен бел чај. Направете ја и вие оваа маска и нанесете ја на лицето за да се ослободите од брчките и да и ги подарите на кожата непроценливите антиоксиданти.

ИНДИЈА

Започнете го денот како Индијките, со топол чај од ѓумбир. Сварете исечкан ѓумбир и мед за да добиете чај. Медот има природни антибактериски својства и ги ублажува воспаленијата. Ѓумбирот содржи антиоксиданти кои го спречуваат уништувањето на колагенот.

МЕКСИКО

Познато е дека рацете први ги покажуваат знаците на стареење. Кожата на рацете прва ја губи елстичноста. Во Мексико жените мешаат шеќер и сок од лимон за да добијат пилинг за рацете. Кристалите на шеќерот ги отстрануваат мртвите клетки на кожата, а сокот од лимон содржи алфа хидроксилна киселина, која се наоѓа во многу третмани што имаат за цел забавување на процесот на стареење, а која исто така симнува еден слој мртви клетки од кожата.

Кога ќе ги симнете изумрените клетки, хидратантната крема подобро продира во кожата.

ПОЛИНЕЗИЈА

Можеби веќе сте чуле за сок од нони кој предизвика вистинска узбуна меѓу моделите. Но тој сок се пие веќе илјадници години во југоисточниот дел на глобусот. Во Полинезија ова овошје го користат заради неговите хидратантни моќи и заради тоа што помага во забавувањето на процесот на стареење. Студиите покажале дека нони е делотворен во отстранувањето и спречувањето на брчките.

ФРАНЦИЈА

Според некои истражувања, екстрактот од зрната грозје може да го зголеми нивото на антиоксиданти во крвта. Овој екстракт е познат и по тоа што ги зачувува колагенот и еластинот – протеини кои и даваат еластичност и цврстина на кожата.

Екстрактот од зрна од грозје е најпопуларен во Франција. Би морале да изедете половина килограм грозје за да добиете ист ефект каков што имаат 50 грама од овој екстракт.