Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжува судењето против претседателот на СДСМ и градоначалникна општина Струмица, Зоран Заев за случајот „Поткуп“.
Заев се терети за земање поткуп од бизнисменот Иван Николов.
Според обвинителството, Заев од Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.