Народен лек за болни зглобови, реума и артритрис

Потребни состојки:

-Компири
-Кромид
-Ленено семе

Постапка:

Ставете една полна лажица ленено семе во 200 мл вода и оставете да набубри. Потоа ставете на оган и гответе околу 10 минути. 

За тоа време, измијте добро еден компир, па изрендајте го заедно со кората. Истото направете го со една поголема главица црвен кромид.

Кога водата со лененото семе ќе се излади, додадете ги кромидот и компирот, па измешајте добро. Исцедете го вишокот од течноста.

Мешавината завиткајте ја во газа и ставете ја како облога на болното место. Добро фиксирајте.

Оставете да делува преку целата ноќ, а во утринските часови отстранете ја газата па измијте се со сапун и вода.