САД речиси ја завршија изградбата на воено-воздухопловна база во северна Сирија, на територијата под конторола на Курдите и напредуваат со изградбата на втора база за двојна употреба, цивилна и воена, јавија локалните медиуми.
Воен извор од Сириските демократски сили, кои се поодржани од Курдите, изјави дека поголемиот дел од изградбата на пистата во нафтениот град Рмејлан во провинцијата Хасака е завршена, а истовремено се гради нова база југоисточно од градот Кобане до турската граница.
Според воениот претставник во проектот учествуваат голем број американски експерти и техничари.
Курдските сили за заштита на народот во Сирија се важен партнер на коалицијата, предводена од САД, против Исламска држава.