Специјалниот претставник на генералниот секретар на Собетот на Европа за миграција и бегалци Томаш Бочек од денеса до 11 март ќе престојува во Грција и во Македонија каде што ќе ги посети местата на границната линија каде што најчесто минуваат мигрантите и прифатните центри.
Како што соопшти прес-службата на Советот на Европа, тој исто така ќе се сретне со владини и локални претставници и со претставници на УНХЦР и невладините организации со цел да собере информации за ситуацијата за лицата кои бараат азил и другите мигранти.
Спрецијалниот претставник Бочек особено внимание ќе посвети на прашањата посветени на барателите на азил и на децата мигранти.