
Опозицискиот лидер Зоран Заев, екс-разузнавачот Зоран Верушевски и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева учествуваат во разнебитувањето на Македонија.
Првите двајца со организација и изведување на процесот на незаконско собирање и незаконско објавување на прислушкувани материјали, а обвинителката Јанева со задача да спречи законско гонење на Заев и Верушевски и да го разводни целокупниот процес што би водело кон покривање на трагите и ослободување од одговорност на осомничените Заев и Верушевски.
Целта на сите тројца пак, свесно или несвесно е да бидат учесници во процесот на разнебитување на Македонија и ослабување на способноста на земјата за државност и заштита на државните интереси.
Ова се тезите истакнати во емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов во која гостуваше еминентната аналитичарка и новинарка Мирка Велиновска. Соговорниците посочуваат дека се работи за многу слично сценарио како во 2001 година, а и во двата случаи во центар на целата афера и процес за деструкција и беззаконие се наоѓа Зоран Верушевски.