Ново рочиште за „Дива населба“

Судскиот процес за „Дива населба“ продолжува денеска со сослушување нови сведоци.

На последното судско рочиште, завчера, пред Судот покрај жители од кумановската населба сведочеа полицаец и командир од полициската станица „Пелинце“. Сведоците беа предложени од страна на обвинителството.

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.