Градските власти, на своја сметка ќе обновуваат фасади и во Кисела Вода, на булеварот Борис Трајковски (Првомајска). Сеуште не е познато кои објекти ќе бидат опфатени со реконструкцијатаа. Некои од објектите освен што ќе добијат нова фасада, ќе бидат и надградени.
Градот планира реконструкција и на неколку згради на булеварот Теодосиј Гологанов.
„Реконструкцијата на фасадите и реконструкцијата и доградбата се предвидува да се реализира на објектите на улица ‘Теодосиј Гологанов‘ и на булевар ‘Борис Трајковски‘ за кои има потреба. Поради нивната состојба има потреба од реконструкција и доградба. Објектите се со оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем“, стои во писменото образложение на предлог-одлуката која ќе се гласа на следната седница на Град Скопје.