3,9 отсто раст на БДП во четвртиот квартал лани

3,9 отсто раст на БДП во четвртиот квартал лани
3,9 отсто раст на БДП во четвртиот квартал лани
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2015 година е 3,9 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите градежништво (33,7 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (14,9), стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности (14,3) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,5 проценти).

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2015 година номинално расте за 3 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66,5 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување од 12,6 проценти