– Резултатот за последното тримесечие од 2015 година од 3,9% раст на економијата е над нашите очекувања. Минатата година ја завршивме со 3,7% раст, што е над проекцијата на Владата и над општите очекувања. Врз база на тоа може да очекуваме дека 2016 година ќе биде успешна на економски план. Податокот за индустриско производство за јануари за раст на индустријата од 8 проценти го потврдува тоа. Очекувам тој добар тренд што го имаме да продолжи, а посебно да зајакне во втората половина од годината по завршувањето на изборите – истакна Ставрески.
Вицепремиерот вели дека добрите економски резултати се показател дека економските политики се добро поставени и дека се креирани добри услови за домашните и странските фирми кои отвораат нови работни места. Ставрески вели дека имајќи ја предвид сложената политичка ситуација во земјата ова се извонредни економски резултати.
Државаната статистика објави дека македонската економија минатата година забележала раст од 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од проектираното. Деновви Статистика нотираше и историски најниска стапка на невработеноста во Македонија од 24,6 отсто.