Хиларија Билдвин (32), сопругата на актерот Алек Болдвин (57) која работи како јога инструкторка, е бремена по третпат. А веста за бременоста тие ја најавија со нивна заедничка фотографија направена среде Менхетн.
„Ајрленд, Кармен, Рафаел и јас сме толку возбудени што може да ви откриеме дека нашето семејство ќе се зголеми. Момчето пристигнува оваа есен“, порачала Хиларија на својот профил на Твитер.
Откако Хиларија и Алек се венчаа во јули 2012 година во Њујорк, „штрковите“ постојано го посетуваат нивниот дом. Нивното прво дете, ќерката Кармен, со роди пред две години, а пред девет месеци на свет дојде и нивното второ дете, Рафаел.