Албанската полиција го зајакна присуството на границата со Грција

Албанската полиција го зајакна присуството на границата со Грција
Албанската полиција го зајакна присуството на границата со Грција

Албанската полиција денеска го зајакна присуството во близина на границата со Грција, стравувајќи дека сириските бегалци би можеле да појдат преку албанска територија кон Европа, откако транзитната рута преку македонија и Србија е блокирана.

Претставник на албанското Министерство за внатрешни работи, кој побарал да остане неименуван, изјави дека границата со Грција постојано се надгледува, а полициски сили ги контролираат пограничните области, пренесува Танјуг.