Еве зошто тетовирањето е добро за вас.
Според последното научно истражување спроведено од „Американскиот дневник на човечка биологија“, честото тетовирање и имањето повеќе тетоважи може значително да го зајакне имунолошкиот систем.
Иако истражувањето било извршено врз релативно мал број испитаници (24 жени и 5 мажи), истражувачите од Универзитетот во Алабама откриле дека тетовираните испитаници биле поиздржливи на болка и нивниот имунитет бил подобар.
Истражувачите дошле до овој заклучок откако ја испитале плунката на испитаниците пред и по тетовирањето. Исто така се заклучило дека првото тетовирање може да го намали имунитетот на одреден период, поради стресот кој го предизвикува самото искуство.
На еден краткотраен период, можеби ќе има поголема веројатност да настинете или да добиете минорна инфекција, но долгорочно, тетовирањето ја зголемува вашата отпорност и истрајност, што ве прави посилни и поиздржливи на инфекциите.