Македонка загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата Коска

Македонка загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата Коска
Македонка загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата Коска

Македонката Анита Андреевска е меѓу жртвите на терористичкиот напад кој се случи во неделата во Брегот на Слоновата Коска.  Анита била дел до мисијата на Обединетите нации во оваа афричка земја.

Последната порака на „Фејсбук“, Анита ја оставила непосредно пред нападот кога напишала „Здраво недела“.

anita1

Пријателите на социјалните мрежи започнаа да се простуваат со неа.„ Не можам да поверувам, заедно бевме во кампот минатата сабота“, „Почивај во мир“, со голема тага коментираат нејзините пријатели и соработници.

anita3

Фракција на Ал Каеда  ја презеде одговорноста за  нападот на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска во кој беа убиени 16 лица. Четворица од загинатите биле државјани на Германија, Франција, на Буркина Фасо и на Камерун.