Конечно решена мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Научниците веруваат дека се на чекор од логично објаснување за исчезнувањето на бродовите и авионите во Бермудскиот триаголник.

Се верува дека откриените кратери, широки по 800 метри, настанале благодарение на големата количина метан, која, најверојатно достигнала до брегот на Норвешка кој е богат со гас. Наслагите на метан долго се таложеле, а на крајот експлодирале оставајќи зад себе огромни дупки.

Областа на која се наоѓаат кратерите претставува едно од најголемите жаришта на метан кој се ослободува во плитката морска вода на Арктикот и може да претставува потенцијално висок ризик за пловидба на бродови во Баренцовото море.

Бермудскиот триаголник е област во Атлантскиот океан, за која рускиот научник Игор Јелцов смета дека настанала како последица на реакцијата на подводниот гас.

-Реакциите како оваа може да бидат со јачина како нуклеарните. Тие доведуваат до загревање на океанот, кој потоа предизвикува потонување на бродовите, изјавил Јелцов.