Најмалку 14 палестински аџии загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа во Јордан, соопштија локалните власти, пренесува БТА.
Постои можност бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи неколку лица се во тешка состојба.
Несреќата најверојатно се случила, откако возачот загубил контрола врз превозното средство во близина на границата со Саудиска Арабија.
Палестинците патувале на т.н. мало поклонение или умра, кое моеже да се прави во текот на целата година, за разлика од хаџа, што се прави еднаш годишно.