Сојата непријател на остеопорозата

Најновите истражувања покажале дека конзумирањето соја е поврзано со намалување на ризикот за лабеење на коските во менопауза.

Истражувачи од Универзитетот Хал објаснуваат дека протеините и изофлавоните од сојата можат да го надоместат намалувањето на пристуството на хормонот естроген до кој доаѓа кај жените во менопауза.

Во новото истражување користени се податоци собрани од 200 жени во рана менопауза.

Внесувањето на соја е поврзува и со помал ризик на болести на срцето и крвните садови.