Димитриев во работна посета на Кочани

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ќе престојува во општина Кочани.

За време на работната посета ќе присуствува на пуштање во употреба на две новоасфалтирани улици во населбата Драчевик од проектот „Асфалтирање 10 улици во град Кочани“ и ќе оствари средби со граѓани во Кочани и во населеното место Оризари.