![нападибрисел](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/napadibrisel.gif?resize=675%2C310&ssl=1)
Во Брисел на 50 места се наоѓаат т.н. „спијачи“ кои очекуваат наредба како, каде и кога да нападнат, пренесуваат тамошните медиуми.
Локалните радиостаници ја пренесоа веста дека е само прашање на време кога цел Брисел ќе летне во воздух доколку терористите одлучат така.
Исто така, според тврдењата на разузнавачките служби, центарот на „терористите-спијачи“ се наоѓа токму овде, што го зголемува стравот и потребата за засилени мерки за безбедност.
Инаку, овој град стана еден од најопасните во Европа и сѐ почесто се поврзува со тероризмот.