Ова се наведува во реакцијата на Собранието на Република Македонија на денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која рече дека нема да оди во Парламентот и на седницата на Советот на јавни обвинители да го образложи Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство.
– Јанева со овој последен однос, најдиректно придонесува и за натамошно рушење на сопствениот професионален имиџ, со што, иронично, таа самата најмногу работи институцијата што ја раководи забрзано да чекори кон сопствената нелегитимност. Оспорувањето на клучните институции и нивното непочитување претставува опасна игра која може да го доведе во прашање функционирањето на државата. Собранието на Република Македонија сака да верува дека ова е само еден од лошите денови на Јанева, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.