Британски „Алокејт софтвер“ отвора втора канцеларија во Македонија

Британски „Алокејт софтвер“ отвора втора канцеларија во Македонија
Британски „Алокејт софтвер“ отвора втора канцеларија во Македонија
Британската ИТ компанија „Алокејт софтвер“ денеска ќе отвори втора канцеларија во Македонија, со  која ја проширува работата на македонскиот пазар каде е присутна од пред една година со центар за развој на апликации.

„Алокејт софтвер“, со седиште во Лондон и канцеларии во Сиднеј и Стокхолм, нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и Британската армија.

Според првичната најава на компанијата, во канцелариите во Македонија треба да бидат вработени 50 програмери и да бидат инвестирани пет милиони евра.

Плановите за проширување на работата во Македонија ги најави во јануари годинава извршниот директор на „Алокејт софтвер“ Иан Бишоп на средба со министерката информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, која ќе присуствува на отворањето на новата канцеларија.