Министерството за внатрешни работи соопшти дека дополнителни безбедносни мерки се воведени на меѓународниот аеродром во Тирана. Полицијата на аеродромот врши детални контроли, а зголемени се и патролите на припадниците на единицата за брзи интервенции,а ангажирани се и дресирани кучиња за откривање експлозивни направи.
-Подготвеноста е подигната на втор степен, што подразбира портокалов аларм, засилени патроли, контроли,безбедносни мерки. Дали ќе се подига нивото на безбедност ќе зависи од информациите и состојбите, изјви за Топ-чанел, Ермал Милори,шеф на полицискиот комесаријат на аеродромот.
До Албанија во повеќе наврати Албанци, припадници на ИД упатуваа закани “за пролевање крв на неверниците“.