По вчерашните напади во Брисел, светот го прогласи за херој Алфонсе Јоула, вработен како обезбедување на аеродромот во Брисел.
Тој слушнал маж кој зборува на арапски, а кога се свртел, слушнал експлозија. По хоророт во кој сите почнале панично да бегаат, тој не заминал од местото на настанот за да се спаси, туку останал и им помогнал на оние на кои им била потребна помош и не можеле сами да излезат од аеродромот, и покрај опасноста од нови експлозии и напади.
– Спасив двајца изнемоштени старци кои не можеа сами да излезат од хаосот, тие сакаа да одат со мене, но јас ги изнесов и се вратив. Имаше многу луѓе на кои им треба помош во тие моменти, вели тој.
Додава дека глетката била страшна. Крв имало насекаде.
– Видов најмалку седум мртви тела како лежат на земја. Луѓе без нозе, без раце…Можеа да им се видат телата, но не и нозете. Беше ужас, вели тој.
Во нападите во Брисел 35 лица беа убиени, а над 200 ранети.