Пресудата за Караџиќ не смее да влијае на судбината на Република Српска

Пресудата за лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ не смее да влијае на судбината на Република Српска, изјави денеска српскиот претседател Томислав Николиќ и ги повика сите политички претставници на српскиот народ во Босна и Херцеговина да се борат за неа и за својот народ.г.

– Србија во целост ќе ги извршува своите обврски и ќе ги користи своите права од конституираниот Дејтонски договор, посебно на правото да ја поддржува Република Српска и да и помогне да опстане, рече Николиќ.

Српскиот претседател, исто така, рече дека „оваа пресуда не може и не смее да влијае на судбината на Република Српска“.

– Затоа ги повикувам сите политички претставници на српскиот народ во Босна и Херцеговина, посебно во Република Српска, со заеднички став да се борат за својата Република и за својот народ, чија судбина, со оваа пресуда може да биде доведена во прашање, рече Николиќ.

Хашкиот трибунал денеска го осуди Радован Караџиќ на 40 години затвор и го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница.