Ова е катастрофално и не можам да верувам каква пресуда е донесена, рекол Радован Караџиќ по изрекувањето на пресудата на Хашкиот трибунал.
„Се базира на импровизација, претпоставки, шпекулации, индикции, но не и на факти”, рекол Краџиќ по изрекувањето на пресудата.
Тој изјавил дека и по нападите во Париз и во Брисел, тој трибунал и Европа не сфаќаат со што и со кој биле соочени босанските Срби во 90-те години.
Воениот лидер на босанските Срби вчера е осуден во хашкиот трибунал на единствена затворска казна од 40 години за злосторства сторени во Босна и Херцеговина, но е ослободен од обвинението за геноцид во седум општини во БиХ.