Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати за грчкиот весник „Вима“ изјави дека Албанија ќе се однесува кон бегалскиот проблем според европските правила.
Бушати уверува дека Албанија нема да ја затвори границата со Грција.
– Општиот впечаток во Албанија е дека Грција никогаш целосно не го прифатил создавањето на современа албанска држава, додека впечатокот меѓу Грците е дека Албанците имаат некаков скриен дневен ред, за да ја нападнат Грција. Денес во голем степен останува недовербата мешу двете земји, истакна шефот на албанската дипломатија.
Тој објаснува дека Албанија останува приврзана кон европските ангажмани од октомври 2015 година и ќе придонесе за надминување на бегалската криза зависно од можностите.
Бушати изјави дека во врска со бегалците Албанија презема превентивни мерки во соработка со италијанските власти и желба на неговата земја е тоа да се случи и со грчките власти.