Грчките власти вратиле во Турција 76 илегални имигранти, во рамките на постапката за реадмисија согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара, склучен минатиот петок, објави МИА.
Според весникот, станува збор за 40 лица од Пакистан, 11 од Бангладеш, шестмина од Мароко, седум од Алжир и еден од Тунис, додека останатите 11 биле турски државјани.
Грчката полиција прецизира дека од 1 јануари, па досега, според предвидените одредби во протоколот за реадмисија меѓу Грција и Турција биле вратени вкупно 673 илегални мигранти (226 од Пакистан, 31 од Бангладеш, 268 од Мароко, 144 од Алжир и четворица од Тунис), а во согласност со договорот меѓу ЕУ и Турција биле вратени вкупно 22 турски државјани.