Терористот кој во текот на вчерашната полициска акција во Брисел бил застрелан во нога, пред да биде уапсен како заложници држел жена и дете, кои во тој момент се наоѓале на станицата на градскиот превоз, пренесуваат белгиските медиуми.
Подолу е видео снимката направена со мобилен телефон, на која може да се види како специјалците му се приближуваат на детето, кое станува и се оддалечува од терористот што лежи ранет на земјата.
Првиот човек на бриселскиот кварт Шаербек, Бернард Клерфајт, изјави дека уапсениот бил поврзан со терористичките напади кои во вторникот го потресоа Брисел и спречениот напад во близина на Париз.
Клерфајт исто така нагласил дека трите експлозии кои денес се слушнале во Брисел, биле контролирани и дека истите биле дел од полициската акција. Еден од сведоците на акцијата изјавил дека полицијата му се приближила на осомничениот на автобуска станица и побарала од него да ја соблече јакната, со цел да проверат дали е опремен со експлозив.