Повисоки плати за лекарите и нови возила за Итната медицинска помош

Нови возила и повисоки плати за лекарите во Итната медицинска помош
Нови возила и повисоки плати за лекарите во Итната медицинска помош
Нови тимови, возила и повисоки плати за докторите од Итната медицинска помош во Скопје, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, при посетата на базата на Итната медицинска помош во Поликлиника „Букурешт“.

Со тоа, продолжи тој, Итната медицинска помош во Скопје ќе има двојно поголем број на тимови и двојно поголем број на возила, повисока плата за докторите и можност на докторите за специјализација.

Според Тодоров идејата е докторите кои што работат во Итната медицинска помош, по одредено време на работа, да можат да бидат пратени на специјализација, а на нивно место да дојдат нови доктори. Тој посочи дека со тоа се помага на целиот систем и на квалитетот на здравството, затоа што доктор кој што поминал на работа во итна медицинска помош потоа многу полесно специјализира, односно има многу повеќе знаења и искуство, што е логичен редослед на напредок во кариерата.