ЕВН Македонија го поддржа отворањето на нов дневен центар за стари лица во општината Сарај

Во основното училиште „Дитурија” во општина Сарај е отворен новиот дневен центар за стари лица на Црвениот крст. ЕВН Македонија и фондацијата „Даути” го подржаа отворањето на социјалниот сервис. Дневениот центар за стари лица или центарот за давање помош во домашни услови, сега се проширува со функционирање на трет по ред дневен центар за активни стари лица.

„ЕВН Македонија и Црвениот Крст се долгорочни партнери во повеќе проекти за помош на социјално ранливите категории, рече г. Игор Гиевски член на Управниот Одбор на ЕВН Македонија. По овој трет социјален центар пораката до старите лица е јасна, грижата за нив продолжува. Добро е што се повеќе компании се придружуваат во идејата за  отворање на повеќе вакви центри, истакна Гиевски.

evn

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити, претседателот на компанијата Даути, претседателот на Здружението на Пензинери од Сарај, градоначалникот на општина Сарај и претседателот на Здружението на пензионери на Македонија го истакнаа значењето на ваквите проекти во грижата за старите лица.

evn1

Тим од 12 волонтери и 5 медицински сестри посетуваат во домашни услови вкупно 150 стари и изнемоштени лица во 8 општини. Целиот проект е поддржан од страна на Градот Скопје, Даути Фондацијата, ЕВН Македонија и Австрискиот Црвен крст.