![bitola-vmro-press-640x605](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/bitola-vmro-press-640x605.jpg?resize=640%2C605&ssl=1)
Повторувањето на една иста лага и манипулација нема да ја ублажи катастрофата предизвикана од Вашето работење: 200.000 отпуштени работници, затворање на 700 фабрики и рекордна невработеност од 38% , реагираат до СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Соња Карапашова, советник на владејачката партија во Битола
За разлика од Вас, ВМРО-ДПМНЕ успеа невработеноста да ја намали за 11 процентни поени и да креира 150.000 нови работни места.
Преку проектот Македонија вработува креирани се 14.600 работни места а заедно со мерката за вработување млади оваа бројка достигнува и до 23.000 лица. Вашиот најголем трн во око, странските директни инвестиции, создадоа 16.000 работни места, а евтините кредити кои ги обезбеди државата за домашните компании отворија нови 7.000 работни места.
Во Битола, само со мерките на Владата опфатени се околу 550 млади лица а во фабриката Кромберг и Шуберт вработени се 2.000 наши сограѓани.
Крајната одлука кој и на каков начин ќе ја води државата ја имаат граѓаните на Република Македонија. За многу кратко време, по 10-ти пат таа одлука ќе Ви биде испорачана како и досега, јасно и гласно на фер и демократски избори.