
Целта на посетата на амбасадорот Такетоши на пунктот за помош на бегалци Табановце, е да се запознае со активностите спроведени во текот наминатата година и за активностите кои ќе следат годинава. Амбасадорот Такетоши ќе биде придружуван од постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон и претставниците на УНХЦР Мохамад Ариф, на УНИЦЕФ Бертран Демулен, и на ИОМ Соња Божиновска
Од почетокот на бегалската криза, Владата на Јапонија има обезбедено повеќе од 3,6 милиони американски долари за агенциите на ОН во земјава за хуманитарните потреби на бегалците и мигрантите, како и за олеснување на товарот на општините што се најмногу погодени од мигрантската криза.