22 години од смртта на „магичната муза“ на Кочо Рацин, Раца

Денеска се одбележуваат 22 години од смртта на Рахилка Фирфова Ѓоргова – Раца, „магичната муза“ на Кочо Солев.

Таа починала на 26 јануари во 2020 година во Скопје.

Македонскиот поет Кочо Солев на 6 октомври 1928 година како псевдоним го зел нејзиното име и станал познат како Рацин. Родена била во Велес, во 1911 година.

Во интервју за Дума.мк. Рахилка открива дел од картичките што Кочо и ги пишувал.

„Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката… и мое портре ако побараш… Капка крв од моето тело и душа – ја имаш веќе… Моето идно име – ме врзува засекогаш со тебе….
… Прости ми или проколнувај – сеедно.
А јас се љубам, се проштевам, и се заборавам…
Едно само жалам: што не ја чув Смислата преку звукот на твоите зборови… или барем нивната трага со мастило…“, стои во текстот на картичката објавен од Дума.мк.