
Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на д-р Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор, информираат од министерството за здравство.
-Тимовите на д-р Сотир Ставридис и д-р Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28-годишнен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови. Инаку се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот. Голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои ни покажаа што значи хуманост, соопштија од министерството.