Македонија успева сите да ја нарекуваат под уставно име – Јанева и Заев продолжуваат да ја уриваат

Меѓународното право не е на страна на Грција кога станува збор за прашањето за името и тоа е поради грешките на грчките влади во минатото, а денес Скопје успева во намерата сите да ги нарекуваат онака како што сакаат, смета пратеникот од грчката Унија на центристите Јоанис Сараидис.

„Дипломатијата беше заменета со популистички и националистички сили на политички опортунисти. Резултатот е тоа што денеска Скопје го нарекуваат онака како што тие сакаат, а ние не можеме да сториме ништо”, се вели во коментарот на Сараидис.

g

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, во грчката јавност и натаму се изразува незадоволство поради фактот што во контекст на мигрантско-бегалската криза во светски рамки речиси сите не нарекуваат под уставното име, но и поради начинот на кој што македонскиот државен врв се справува со оваа криза. Со барања за отстранување на заштитната ограда и отварање на границата периодов, речиси оркестрирано се јавуваше како официјална Атина, така и западно-соросовата машинерија.

Во последната анализа на независната тинк-танк организација за геополитички анализи „Katehon“ објавена на седум јазици, јасно се посочува агендата на Западот во Македонија да бидат сместени неколку десетици илјадници бегалци. Експерите се согласни дека токму поради заштитата на границите и суверенитетот во рамките на бегалско-мигрантската инвазија, македонските власти дополнително си го навлекоа гневот на Западот.

„Лидерството на земјата моментно се наоѓа под дипломатски притисок од Брисел и ЕУ. Берлин особено ја обвинува Македонија за создавање „атмосфера на страв“. Треба да се напомене дека Македонија е транзитна земја за мигрантите кои што патуваат во Западна Европа. Според плановите на Брисел, постои намера таму да се постават десетици илјадници бегалци“, се вели во анализата на „Katehon“.

g1

Странските марионети Јанева и Заев ја разнебитуваат државата

Наспроти политиката за беглаците и мигрантите, примарниот „грев“ на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според анализите на „Katehon“, е мултиполарниот пристап во поликата и негувањето на пријателски односи со Русија. Многумина се согласни дека овде треба да се вброи и непопустливоста во однос на барањето за промена на уставното име, што е јасен индикатор за мотивите зад покренувањето на случајот за надводна тортура над Љубе Бошковски од страна на СЈО. Анализата на „Katehon“ јасно посочува дека Катица Јанева е американска марионета, додека опозицискиот лидер Зоран Заев кој што е финансиран од Сорос, има добиено 1,5 милиони прислушкувани разговори од американската амбсада во Скопје.

„Специјалната обвинителка Катица Јанева, која што е марионета на САД, објави информации според кои актуелни и поранешни функционери на различни сектори треба да бидат прголасени за виновни за повеќе дела. Многумина се обвинети за злоупотреба на моќта, корупција и друго…Како што и претходно информиравме, опозицискиот лидер Зоран Заев кој што има криминална историја поседува повеќе од 1,5 милиони телефонски разговори од членови на Владата и владеачката партија, кои што ги доби од амбасадата на САД во Скопје, се вели во анализата на „Katehon“, додавајќи дека Заев добива фининсиска поддршка и од Сорос.

Намерата е премиерот Груевски да продолжи да губи позиции во структурите на власта и во оштеството во Македонија, се предупредува во анализата.

g2