Имаме сила, капацитет, кадар, Програма, храброст да ја исполниме зацртаната цел, да ја вратиме Македонија на граѓаните на Република Македонија – порача потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, на трибината во Прилеп.
-Ќе го вратиме двојното усогласување на пензиите со трошоците на живот во една фискална година. Со усогласувањето во март и во јули пензиите во Р.Македонија ќе се покачат помеѓу 800 и 1.100 денари, соопшти Ременски.
Пред прилепчани, кои во голем дел се занимаваат со земјоделство, претседателот на Комисијата за животна средина зборуваше за мерките што ќе ги вратат и земјата и достоинството на земјоделците.
-Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра годишно. Ќе бидат редовни, ќе ги добиваат тогаш кога им се потребни на земјоделците, нема како што ги злоупотребува оваа власт, предизборно. За тутунарите кои произведуваат тутун од прва класа ќе воведеме дополнителна субвенција, рече Мирчески.
Претседателката на Комисијата за информатичко општество и администрација најави процедури во институциите што ќе им олеснат на граѓаните.
-Граѓаните лесно ќе си ги остваруваат своите права, со поднесување барање на еден шалтер. Институцијата е таа што по службен пат и по електронски пат ќе треба да ги прибави сите документи за остварување на правото на граѓанинот, рече Иванова.