Медиумите досега многупати објавуваа како функционери и членови на СДСМ и членови на соросовите невладини организации повикуваат на насилство и шират говор на омраза, па така нивното насилно препознатливо однесување повторно излезе на површина, пишува Курир.
Марјан Забрчанец од соросовата невладина МОФ повикува на насилство во својата објава на Фејсбук доцна попладнево.
-Дајте да решиме на 5 јуни. На избори или на улица, како сакате, пишува Забрчанец.
Ваквите повици за „решавање на улица“ не се нови ниту за СДСМ ниту за нивните невладини експоненти како што е Забрчанец.
Едмонд Адеми, член на Извршниот одбор на СДСМ и новопечен советник на Оливер Спасовски во МВР пред една година на својот Фејсбук профил посака пролевање на крв.
-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува, напиша Адеми.
Насилните сценарија на СДСМ на 5-ти мај минатата година пред владата резултираа со 38 повредени полицајци и огромна материјална штета.
Пред две недели СДСМ заедно со своите невладини платеници се обиде насилно да влезе и во Уставниот суд.