На Јелена и се заканувале со убиство и силување?

На Јелена и се заканувале со убиство и силување?
На Јелена и се заканувале со убиство и силување?
Нада Топчагиќ изјави дека Јелена добила порака со вознемирувачка содржина, но тоа не го сфатиле сериозно.

Познатата пејачка за Информер открива дека на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ѕвездата на Гранд која во саботата беше убиена, некој и се заканувал со убиство и силување.

Нада, која со Јелена била многу блиска, тврди дека колешката и покажала порака во која пишувало „Многу си убава. Ќе те киднапирам, па ќе те убијам“.

Како што вели Нада, со Јелена дури и се смееле на таквите пораки, затоа што мислеле дека некој се шегува или, пак, е љубоморен на кариерата на Јелена.

-Ми зборуваше дека добива закани за силување и смрт. И стигнуваа пораки со текст „Многу си убава. Ќе те киднапирам, па ќе те убијам“. Ми ги покажа пораките, со свои очи ги видов. Сепак, се смеевме на тоа и мислевме дека е од љубомора, вели Нада.

Јелена беше убиена во саботата. Детали од обдукцијата се уште се чекаат.