Бугарија е европскиот рај за синтетички дроги

Бугарија завзема многу важно место во производството и трговијата на амфетамини и е меѓу лидерите во Европа.

Ова е наведено во извештај на Европскиот центар за мониторинг на наркотиците и зависноста од нив.

„Холандија и Белгија се најважните реони за производство на MDMA и амфетамини во Европа, но исто така овие наркотици се произведуваат и во Бугарија, Полска, Германија, како и во Балтичките земји“, наведено е во извештајот.

Во повеќето европски држави нема никакви податоци за производството на синтетичките дроги, како што се амфетамините. Според извештајот, во Бугарија овие наркотици се употребуваат најчесто за време на музички концерти, фестивали или други места за забава и се неколкукратно поефтини од кокаинот.

Во последниве неколку години, во Бугарија е забележано и зголемување на бројот на лабораториите за производство на синтетички дроги.

Но, и покрај негативните тендеции, Бугарија сепак регистрирала и успеси во борбата со производството на амфетамини и метамфетамини. Само во текот на 2013 година, бугарската полиција открила и уништила околу 35 лаборатории за производство на синтетички дроги.

Европјаните трошат 24 милијарди евра годишно за наркотици

 

drogi

Извештајот на Европскиот центар за мониторинг на наркотиците и зависноста од нив, наведува дека во просек годишно европјаните трошат околу 24 милијарди евра за разни видови дроги.

Истражувањето покажало дека најпродавана нелегална супстанца е…