
Како што соопшти денеска Одделението за односи со јавноста на Собранието на Република Македонија, на овој настан учество ќе земат претседатели на Комисии за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини и заменик генералниот секретар на НАТО за глобални и економски прашања, Кристијан Лефлер.